Ние за чувари на Огнот мелеци поставивме и го одредивме нивниот број како искушение за тие што не веруваат – за на тие на коишто им е дадена Книгата да се уверат, а на тие што веруваат верувањето да им се зголеми, и тие на коишто им е дадена Книгата и тие што се верници да не се сомневаат, и тие чиишто срца се болни и тие што се неверници да кажат: „Што сакаше Аллах со овој пример?“ Така Аллах го заблудува тој што сака и на Вистинскиот пат го упатува тој што сака. А војските на Господарот твој само Тој ги знае. И тој – Огнот е само опомена за луѓето.